Џејлен Браун/Boston Celtics

ВИДЕО: Џејлен Браун со луд настап каков што ретко се гледа испиша историја во Бостон

Со уште една ноќ за паметење, Џејлен Браун ja oбележа НБА програмата изминатата вечер и беше клучниот човек во убедливиот триумф на Бостон над ЛА Клиперс од 146-115. Крилниот кошаркар блескаше со 50 поени, што е негов втор ваков учинок во кариерата, со што се приклучи на елитното друштво во историјата на Селтикси, во кое повеќе од еднаш до оваа бројка стигнале само Лери Бирд и Џејсон Тејтум.

Браун одигра речиси безгрешно, погоди 18 од 26 шута од поле, реализираше шест тројки од десет обиди и подели пет асистенции. Бостон ја потврди одличната форма со седма победа на последните осум натпревари.

Интересни дуели имаше и на останатите терени. Филаделфија славеше на гостувањето кај Њујорк со 130-119, а Џоел Ембид со 26 поени конечно влезе во посакуван ритам оваа сезона. Голден Стејт, предводен од  Стеф Кари, направи пресврт против Јута и победи со 123-114, при што Кари уфрли 31 поен, дури 20 од нив во третата четвртина.

Далас, пак, го надигра Хјустон со 110-104, благодарение на доминантната партија на Ентони Дејвис, кој забележа 26 поени, 12 скока и пет блокади. Кај поразениот тим најрасположен беше Кевин Дурант со 34 поени, додека Алперен Шенѓун несреќно го заврши мечот по само една минута поради повреда.

Торонто дојде до сигурна победа над Атланта од 134-117, а Ар-Џеј Барет постави личен сезонски рекорд со 29 поени. Истите ривали ќе се сретнат повторно и на следниот натпревар. Единствен тим кој не стигна до 100 поени беше Чикаго, кој загуби од Шарлот со 112-99, додека пријатно изненадување приреди Портланд со победата на гостински терен против Сан Антонио од 115-110.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот