Фото: EPA/CJ GUNTHER

ВИДЕО | Џејлен Браун го водеше Бостон до триумф над Њујорк

Кошаркарите на Бостон селтикс ги победија Њујорк никс со 123:117 во натпревар од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата. Селтикс мораа да дојдат до победа по пресвртот кој немаше да се случи без Џејлен Браун.

Никс водеа постојано со двоцифрена разлика во текот на првото полувреме. Во вториот дел, работите на теренот целосно се променија. Предводени од Браун, Селтикс направија голема серија и влегоа во решавачкиот период со 18 поени предност.

Во последната четвртина, Никс успеаја да одговорат, да намалат на едноцифрена разлика, но не и да го свртат резултатот.

Џејлен Браун постигна 40 поени двапати во последните три натпревари. Сега се истакна со 42 поени, и со по четири скока и асистенции.

Вајт го следеше Браун со 22 поени, Симонс додаде 12, а Минот имаше 11 поени. Бриџис ги предводеше Никси со 35 поени, Таунс додаде 29, Харт 19, а Брансон 15.

НБА лига, резултати:

Филаделфија – Вашингтон 121:102

Торонто – Портланд 121:118

Бостон – Њујорк 123:117

Њу Орлеанс – Минесота 142:149

Сан Антонио – Мемфис 126:119

Голден Стејт – Оклахома 112:124

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот