Џабир Дерала-цивил / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Џабир Дерала: Да запалиш нечие знаме тоа значи дека не го почитуваш ниту своето

ЦИВИЛ – Центарот за слобода како организација и јас лично го осудуваме вандалскиот чин со кое се запали македонското знаме. Сметам дека е за крајна осуда таквото однесување. Во палењето знаме нема ништо достоинствено. Вие, ако на ден на знаме на една нација палите знаме на држава која било а уште пострашно во овој случај државата во која вие живеете, тоа значи дека вие не го почитувате ниту своето знаме. Тоа е чин кој за мене е крајно недозволив – вели претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала при неговото гостување во „Слободен печат“.

-Она што можевме да го видиме во вандалскиот чин но и и по брзата реакција на институциите е дека станува збор за млади луѓе па дури и малолетници. Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии и пораки кои ги упатуваат пред сè политичките ентитети во земјава кои се вистински одговорни за настанот – посочи првиот човек на ЦИВИЛ Дерала и дополнува дека постои Закон по кој за одредената возраст треба да дејствува и да се санкционира одреденото поведение.

Претседателот на ЦИВИЛ Дерала ги повикува сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по која било основа.+

Повеќе од разговорот со Џабир Дерала можете да го погледнете во видеото во продолжение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот