ВИДЕО: „Два во еден“, Бонучи во финишот за радост на Јувентус!

Фото: Твитер

Во 10 коло од италијанската Серија А во градското дерби Јувентус славеше против Торино со 2:1.

Гостите дојдоа први во предност со голот на камерунскиот интернационалец Н`Кулу кој затресе мрежата на Шчесни уште во деветтата минута од средбата. Играчите на тренерот Џампаоло не го издржаа притисокот во второто полувреме кога составот на Пирло направи целосен пресврт.

Израмни МекКени во 77 минута после асистенцијата на Квадрадо, а токму Колумбиецот имаше клучен придонес и во 89 минута кога прекрасно центрираше во казнетиот простор на Сиригу. Највисоко скокна Бонучи кој стрелаше за голема и важна победа на актуелниот бранител на шампионската титула.

„Старата дама“ после петтиот триумф сезонава се наоѓа на втората позиција со 20 бодови, три помалку од водечкиот Милан кој својот натпревар ќе го има в недела на гостувањето кај Сампдорија.

Торино кој веќе четири меча не знае за победа во првенството, моментно е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со шест бодови.

ВИДЕО: Лацио слави, „СМС“ во стилот на легендарниот Михајловиќ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот