Фото: twitter.com/HablaDeportes

ВИДЕО: Лацио слави, „СМС“ во стилот на легендарниот Михајловиќ!

Денеска во 10 коло од најсилното италијанско првенство Лацио ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Специја (1:2) на стадионот „Дино Мануци“.

На теренот во Чезена „небесно-сините“ дојдоа први водство со голот на Чиро Имобиле во 15 минута од средбата.

Асистентот на тој погодок, српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја зголеми предноста со еден прекрасен погодок од слободен удар во 33 минута, во стилот на клупската легенда Синиша Михајловиќ, сегашниот тренер на Болоња.

Домаќините само успеаја да го ублажат својот пораз (четврти сезонава) со погодокот на Нзола по додавањето на Французинот М`Бала Нзола (64`).

Римскиот клуб се опорави после домашниот пораз од Удинезе и моментно на табелата во Серија А е на седмото место со 17 бодови. Специја која веќе три меча по ред не знае за победа се наоѓа на 15 позиција со 10 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот