Фото: Принтскрин од видео на OSINTtechnical

ВИДЕО | Два американски борбени авиони се судрија за време на воздушно шоу

Четири члена на екипажот се во стабилна состојба откако два борбени авиони се судрија во воздух за време на американски аеромитинг, пренесува Би-би-си.

„Сите членови на екипажот на авионите ЕА-18Г на американската морнарица безбедно се катапултираа по судирот за време на воздушната демонстрација“, потврди портпарол на американската морнарица за Би-би-си.

Како што објави медиумот, не е јасно дали тие се повредени.

Драматичниот инцидент се случил вчера, за време на вториот и последен ден од воздушната демонстрација наречена „Ганфајтер скајс“, на околу три километри северозападно од воздухопловната база „Маунтин хоум“ во Ајдахо.

Несреќата предизвикала пожар, базата била накратко затворена, а остатокот од програмата на воздушното шоу – откажана. Започната е истрага за причината за несреќата.

„Членовите на екипажот вклучени во инцидентот се во стабилна состојба. Им благодариме на сите посетители за нивното трпение и разбирање, што ни овозможи брзо и безбедно да реагираме на инцидентот“, се вели во соопштението на „Маунтин Хоум Ганфајтерс“ на социјалните мрежи.

Портпаролот на морнарицата изјави дека членовите на екипажот биле прегледувани од медицински персонал.

Авионите ЕА-18Г биле доделени на ескадрила за електронски напади од државата Вашингтон. Американската морнарица наведува дека секој од тие авиони чини околу 67 милиони долари (50,3 милиони фунти).

Аеромитингот последен пат бил одржан во 2018 година, кога пилот загинал во несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот