ВИДЕО | Драма во Сиднеј: Киднапери по грешка грабнале 85-годишен старец, полицијата ги замоли да го пуштат, немал врска со подземјето
Австралиската полиција денес упати „многу чуден апел“: што е можно поскоро да се ослободи 85-годишен маж кој беше киднапиран, бидејќи киднаперите едноставно биле измамени, а како што велат, тоа не им била целта.
Препорачано
Полицијата во петокот беше известена за киднапирањето, од страна на тројца насилници, на возрасниот Крис Багсаријан, од неговиот дом во Норт Рајд, предградие во северен Сиднеј.
„100% сум сигурен дека киднаперите го однеле погрешниот човек“, изјави денес за новинарите полицаецот Ендру Маркс, раководител на Службата за гонење на сериозни кривични дела.
Според извештајот на јавната телевизиска мрежа Еј-би-си, тие сакале да киднапираат некого поврзан со криминална мрежа во западен Сиднеј.
Но, дедото што го грабнале „нема никаква вмешаност“ во подземјето, инсистираше Ендру Маркс.
„Ова не е случај каде што некој е киднапиран случајно. Овде, киднаперите имале намера да однесат некој конкретен, но направиле грешка“, објасни тој.
Човекот носел сиви пижами и црвено-зелена фланелска кошула кога бил грабнат, соопшти полицијата, и има потреба од секојдневна медицинска нега.
Според медиумските извештаи, видеа и фотографии од повредениот Багсаријан циркулираат во круговите на подземјето во Сиднеј.
Така, сфаќајќи колку „чудно“ било неговото барање, тој ги повикал бандитите што поскоро да го ослободат заложникот.
Иако роднините на заложникот се вознемирени, Маркс сака да звучи смирувачки. И покрај „вознемирувачката“ грешка на насилниците, рече тој, жителите кои „имаат постари родители или баби и дедовци немаат за што да се грижат“.


