Фото: Screenshot

ВИДЕО | Драма во Русија: Криминалци се обидoa да киднапираат фудбалер на Зенит

Рускиот репрезентативец и фудбалер на Зенит, Андреј Мостовој (27), за влакно избегнал киднапирање во Санкт Петербург, во драматичен инцидент што се случил во четвртокот навечер.

Четворица напаѓачи се обиделе насилно да го внесат во автомобил, но благодарение на брзата реакција на хокејарот Александар Гракун, кој случајно се затекнал на местото, фудбалерот успеал да се извлече и веднаш го пријавил случајот во полиција. Веќе по кратка истрага, осомничените биле пронајдени и уапсени.

Според руските медиуми, истата група два дена подоцна успеала да киднапира бизнисмен, Сергеј Селеген (50), зет на поранешниот пратеник во Државната дума, Вјачеслав Макаров. Киднаперите барале 10 милиони рубљи (околу 100.000 евра) под закана со огнено оружје. Исплашениот бизнисмен им предал дел од парите, околу 2.000 евра, ветувајќи дека остатокот ќе го исплати подоцна, но благодарение на брзата полициска акција бил ослободен неповреден.

Преземено од: Спорт.ком.мк

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот