Фото: Screenshot

ВИДЕО | Драма во Евролигата: Макаби со тројка во последни секунди го сруши Реал Мадрид

Макаби Тел Авив приреди големо изненадување во Евролигата откако во Белград го совлада европскиот шампион Реал Мадрид со минимални 92-91 во натпревар од шестото коло.

Шпанскиот гигант одлично го отвори мечот и по првата четвртина имаше водство од 27-17, но Израелците потоа ја презедоа контролата. Со серија прецизни напади и агресивна одбрана, Макаби до полувреме направи пресврт и замина на одмор со предност од 57-48.

Возбудувањата продолжија и во вториот дел. Реал во финишот успеа да направи целосен пресврт и поведе со 91-89, но Тамир Блат со фантастична тројка само четири секунди пред крајот донесе голема победа на Макаби (92-91).

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот