ВИДЕО | Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ја промовираа новата песна „Душа бакшиш“, продолжение на хитот „Уште ми фалиш“

драган спасоц дац и александар митевски
Според зборовите на Дац и Александар, оваа балада е продолжение на приказната на хитот „Уште ми фалиш“

Популарното музичко дуо Дац и Александар во недела, 14 ноември во 19:00 часот на социјалните мрежи и нивниот Youtube канал – ја промовира својата нова авторска песна, „Душа бакшиш“, боемска балада за сите генерации. Актерот Драган Спасов и кантавторот и продуцентот Александар Митевски, на двегодишнината од нивното постоење како музичко дуо, на своите фанови им подаруваат нова песна проследена со видео спот.

 

Според зборовите на Дац и Александар, оваа балада е продолжение на приказната на хитот „Уште ми фалиш“ која ја отпејаа на Макфест пред две години , која веднаш влезе во срцето на публиката во земјава и пошироко:

„Народот сака искрени, тажни и љубовни песни, сакаат да се пронајдат во приказната која секому му се случила барем еднаш во животот. Нашите песни се такви, им враќаме спомени на луѓето, пееме за вистински исечоци од животот и токму таква е новата песна. За љубовта која ни фали, за луѓето кои ги нема и ни фалат. Затоа вредеше во оваа песна да ја оставиме нашата душа “како бакшиш” на музичарите, кои не следат секогаш и во тагата и во среќата.“

драган спасоц дац и александар митевски

Видео спотот е снимен со екипата која ги работи сите нивни спотови, во автентична кафеанска атмосфера во култната дебар маалска гостилница “ДМ” со учество на повеќе градски и маалски ликови.
Нивните песни се пејат на живите свирки кои постојано ги имаат низ Македонија и публиката нестрпливо очекува новата балада да се најде на нивниот репертоар во тие „евергрин вечери“.

драган спасоц дац и александар митевски

– Секоја наша нова песна предизвикува интерес за фановите кои ги имаме на нашата посетена FB страница, па така, за оваа веќе се очекува да се шири веднаш меѓу нашите фанови во Македонија, фановите што ги имаме во голем број во соседна Бугарија, Балканот и луѓето кои живеат со нашите песни во дијаспората. Земјава во моментов е под голем притисок на политиката и секојдневните случувања, пандемиската и енергетската криза, па затоа ние на народот сакавме да му подариме една убава музичка оддушка од секојдневието. Ние впрочем бевме со луѓето во текот на целата пандемија деноноќно, за полесно да се преброди таа глобална несреќа. Па така, може да се каже дека “Душа бакшиш” е вистински мелем за душата во овие тешки времиња.

драган спасоц дац и александар митевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот