ВИДЕО: Дортмунд со пресврт го задржа првото место во групата, Лацио во финишот го спасуваше второто место

epa08871064 Borussia Dortmund's Lukasz Piszczek (2-nd R, in yellow) reacts after scoring against Zenit during the UEFA Champions League group F soccer match between Zenit St. Petersburg and Borussia Dortmund in St. Petersburg, Russia, 08 December 2020. EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Лацијалите на 15. минути до крајот имаа водство но во финишот можеше да остане и без бод.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа Зенит со 2:1 во Санкт Петербург и го освоија првото место на табелата во групата Ф, додека Лацио на домашен терен одигра само 2:2 против Бриж кој ќе ги продолжи настапите во Лигата на Европа.

Пред последното коло, „милионерите“ беа лидери на табелата со 10 бода, Лацио имаше девет, а Бриж седум и сите три екипи имаа свои математики вечерва.

Лацио одлично го започна натпреварот, во 12. минута Хоакин Кореа погоди за 1:0 откако налета на одбиената топка по шутот на Луис Алберто.


Три минути подоцна Бриж на речиси идентичен начин израмни, голманот Пепе Реина лошо интервенираше и топката во мрежата ја смести Формер.
Лацијалите се вратија во водство преку голот од пенал на Чиро Имобиле, а работите тргнаа на лошо за Бриж во 39. минута кога беше исклучен Собол.
Во второто полувреме, лацијалите доминираа на теренот 30-тина минута и кога изгледаше дека Бриж нема никакви шанси, шок на „Олимпико“.

EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Симоне Инзаги во 75. минута ги извради од игра Имобиле, Луис Алберто и Леива и само една минута подоцна Белгијците преку Ванакен дојдоа до израмнување.
Израмнувачкиот гол им даде крилја на играчите на Бриж кои во судиското продолжение имаа одлична шанса за прсврт, но шутот на Де Кетеларе заврши во пречката.

Борусија Дортмунд со победата од 1:2 на гостувањето кај Зенит си го завери првото место во групата и притоа го исфрли рускиот шампион од Европа.
Зенит поведе преку Дриси во 16. минута, но во второто полувреме „милионерите“ направија пресврт и со головите на Пишчек и на Витсел славеа со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот