ВИДЕО: Доријан Бабунски стартуваше победнички и со гол во унгарскиот шампионат

фото: instagram.com/dvscofficial

Во првиот натпревар од новата сезона во најсилното унгарско фудбалско првенство екипата на Дебрецен на домашен терен со 3:1 го совлада Мезоковешд.

Поведоа гостите со голови на Дражиќ во 27 минута, а израмнија домаќините во 33 минута преку Лончар.

За Мезоковешд стартер беше македонскиот репрезентативец Давид Бабунски кој настапи до 75 минута. Претходно во 54 минута Лончар уште еднаш се запиша во листата на стрелците за 2:1.

Братот на Давид, Доријан Бабунски за Дебрецен влезе во игра од 78 минута, а во самиот финиш од средбата (90+2`) го постави конечниот епилог.

Голот на Бабунски за 3:1 можете да го погледнете на видео записот ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот