Фото: EPA/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Дончиќ и Џејмс постигнаа по 30 поени, Лејкерс ја остварија третата победа по ред

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја оправдаа својата улога на фаворити против Њу Орлеанс пеликанс со победа на гостински терен од 111:103 во НБА лигата.

Иако по три одиграни четвртини, Њу Орлеанс имаше предноста од „плус седум“ (86:79), Лејкерс направија целосен пресврт во последниот дел од натпреварот.

Најзаслужни за триумфот на „езерџиите“ беа Лука Дончиќ и Леброн Џејмс кои реализираа по 30 поени. Словенецот запиша и 10 асистенции, а „Кралот“ имаше и по осум скока и асистенции.

На спротивната страна најрасположен беше Треј Марфи со личен рекорд од 42 поени, следен од интернационалецот од Бахамите, Деандре Ајтон кој дојде до дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 скока.

Лејкерси се моментно трети на Западот (23-11) и сега се подготвуваат за гостувањето кај Спарси во Сан Антонио, додека Њу Орлеанс се среќава со Атланта хокс во Џорџија.

НБА лига, резултати:

Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс 116:120
Вашингтон визардс – Орландо меџик 120:112
Мемфис гризлис – Сан Антонио спарс 106:105
Њу Орлеанс пеликанс – Лос Анџелес лејкерс 103:111
Минесота тимбервулвс – Мајами хит 122:94
Сакраменто кингс – Далас маверикс 98:100

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот