Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: Pool/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Доналд Трамп повторно на „тапет“ поради видео од 2006 година: „Беше убава тинејџерка, ја вработив без искуство“

Последниве денови повторно се шири старо видео на Доналд Трамп, овој пат од 2006 година, во кое зборува како вработил „убава“ тинејџерка без никакво работно искуство. Години пред да влезе во Белата куќа, Трамп не криеше склоност кон млади и привлечни жени.

Контроверзното видео е снимено за време на негов настап на настанот „Learning Annex Real Estate & Wealth Expo“.

Што се гледа на видеото?

Видеото, кое стана вирално на социјалната мрежа Икс го прикажува Трамп во разговор со девојка од публиката која се претставила како Џулиет.

Таа го прашала: „Колку приватни авиони имате и како можам да се пријавам за работа како стјуардеса?“

Публиката се насмеала, а Трамп од бината ѝ одговорил: „Мислам дека токму сега добивте работа!“

Џулиет потоа излегла на бината, каде што идниот претседател ја прегрнал.

„Вработена си!“ повторил на шега, по што раскажал анегдота за тоа како некогаш вработил „убава девојка“ од „17 или 18 години“ која се пријавила за работа како келнерка.

„Беше толку убава. Светска класа убавица. Мојот тим ми рече: ’Господине Трамп, но таа нема никакво искуство‘“, рекол тогаш 60-годишниот Трамп.

Сепак, девојката била повикана на разговор, каде потврдила дека навистина нема искуство, но Трамп сепак ја прашал:

„Кога можете да започнете?“

Публиката повторно се насмеала.

На крајот ја бакнал Џулиет во образ и рекол: „Знаеш, можеш да работиш во мојот авион кога сакаш“, додавајќи дека тоа би било за него „катастрофа“.

„Тоа е како со алкохоличар. Имам многу пријатели, прекрасни луѓе се, но се алкохоличари. Ставете им виски пред нос и тоа е тоа …“, рекол Трамп, додека гестикулирал и заклучил: „Ете, тоа би бил мојот облик на алкохолизам.“

Реакции на социјалните мрежи

„Страшно. Тој тоа дури ни не се обидува да го скрие“, „Очајно е – и тој и девојката, ужас“, „Се надевам дека Меланија била таму, или подобро да не била, не сум сигурен“, „Зошто сите се смеат, што е тука смешно?“, „И сега нека некој каже дека е невин“, се само дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот