ВИДЕО | Докиќ: Татко ми ме исфрли на улица, ми кажа дека сум срам за него што загубив во полуфиналето на „Вимблдон“

фото: EPA/NEIL MUNNS

Јелена Докиќ, пензионирана тенисерка, родена 1983 година во Осиек и поранешна репрезентативка на Фед купот на Србија и Австралија, со години се бори со депресијата за која често пишува на социјалните мрежи. Таа го користи и Инстаграм за мачни сведоштва од времето како професионална тенисерка.

Ќерка на татко Србин и мајка Хрватка, во кариерата играше за татковината и Австралија, некогаш беше одлична тенисерка која освои шест титули, а во 2002 година беше четврта тенисерка во светот. 40-годишната е попозната по траумите од животот со нејзиниот татко Дамир, кој ја тепал и малтретирал, за што пишувала во својата автобиографија.

Гостувајќи во подкаст, Докиќ раскажала потресна приказна за она што го доживеала по поразот во полуфиналето на „Вимблдон“ во 2000 година. Таа рече дека нејзиниот татко Дамир не ѝ дозволил да се врати во хотелот.

– Кога почнав да играм тенис и кога го удрив првото топче, татко ми ме претепа. Полуфиналистка сум на „Вимблдон“, седам во солзи среде просторијата за играчите, разговарам на телефон со татко ми, кој ми кажа дека сум срам за него и за семејството затоа што загубив во полуфиналето на „Вимблдон“ – вели изјави Докиќ која тогаш имаше 17 години.

– Не ме пушти да се вратам во хотелот, туку ми рече да правам што сакам, да спијам на улица, бидејќи не се враќам. Останав во просториите на Вимблдон, чекав сите да си заминат, се скрив во еден агол од собата на играчите за да преноќам таму. Ме најдоа среде ноќ бидејќи чистачките ја чистеа собата доцна во ноќта – се зборовите на Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот