ВИДЕО | Дојчиновски за детската балетска претстава „Петар Пан“: Секој од нас има дете во себе кое не сака да порасне

Владимир Дојчиновски - композитор / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во Националната опера и балет на 31 март најмладата публика, но другите генерации ќе можат да уживаат во детската балетска претстава Петар Пан. Ликовите од култниот роман на Џејмс Метју Бери, Петар Пан, Венди, Капетан Кука, Изгубените момчиња и другите ќе оживеат на сцената преку изведбата на балерините од Балетско студио Арт Балет од Скопје. Кореографијата и режијата е на Ирена Лозинска, сценариото и сонговите на Ристо Самарџиев, а музиката на Владимир Дојчиновски. За костимите е задолжена Елена Вангеловска, а за сценографијата Љупчо Јованов. На сцената на НОБ покрај балерините од Арт Балет ќе настапат и професионални балетаните од ансамблот на НОБ Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау.

-„Петар Пан“ како дело е непресушна инспирација за филмови, балетски претстави, мјузикли, Таа приказна е секогаш интересна и дури е влезена и во нашиот образовен систем како лектира за 4 оддление. Нашата претстава конкретно има 6 сцени, музиката е со оркестарски призвук, нема класично либрето, туку сонгови. Го има Лондон, летање, крокодили, костими, светла и убаво е да се видат 112 деца, од различни возрасти. Ќе биде многу интересно за гледање, зошто секој од нас има дете во себе кое не сака да порасне. Мора да се слушне и доживее, вели Владимир Дојчиновски, кој е автор на музиката во оваа балетска претстава во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Картите за претставата се веќе пуштени во продажба за двете претстави на 31 март, со почеток во 17.30 часот и 20 часот.

Целиот разговор со Владимир Дојчиновски погледнете го во видето:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот