Кејти Пери и Џастин Трудо - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Додека Трудо се бакнува со Кејти Пери, поранешната сопруга објавува мистериозни пораки на социјалните мрежи

Поранешната сопруга на Џастин Трудо, Софи Грегоар Трудо, сподели мистериозна порака само неколку часа откако на интернет се појавија фотографии на кои Кејти Пери (40) и Џастин Трудо (53) се гушкаат и бакнуваат на луксузна јахта во Калифорнија.

Иако парот сè уште не ја потврдил врската, ова не е првпат да бидат забележани заедно. Кон крајот на јули беа снимени на вечера во Монтреал, а само ден подоцна Трудо бил забележан во публиката на еден од нејзините концерти во Канада, што дополнително ги поттикна гласините за можна романса.

Порака од поранешната сопруга

Откако фотографиите станаа вирални, поранешната сопруга на Трудо, Софи  со која има три деца, објави емотивно видео на Инстаграм за љубовта. Парот се разведе во 2023 година по 18 години брак.

„Ништо што го сакаме не е наменето да трае засекогаш“, порача таа во видеото.

„Луѓе, места, дури и моменти кои некогаш изгледале бесконечно, времето нè учи да ги пуштиме, иако често не сакаме. Да се држиме изгледа побезбедно отколку да пуштиме, но љубовта никогаш не била поседување туку присуство во сегашниот миг. Кога ќе го пуштиме она што не можеме да го задржиме, создаваме простор за вистинска поврзаност, блискост, спомени … за лекција, за начин на кој една насмевка може да одекне низ целиот живот“, заклучи Софи.

Следбениците веднаш реагираа на нејзината објава.

„Прекрасно. Совршен момент за оваа порака“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Не можам да поверувам дека го објавуваш ова токму откако твојот поранешен беше виден со Кејти Пери.“

Сепак, многумина застанаа во нејзина одбрана, тврдејќи дека пораката нема никаква врска со Трудо.

„Нејзиниот татко почина пред една година, а во видеото го споменува и него. Пораката зборува за прифаќање на загубата на саканата личност и зачувување на убавите спомени“, коментираше еден следбеник.

Ниту Кејти Пери, ниту Џастин Трудо досега не ги коментирале фотографиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот