ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Здружението на бизнис жени брои околу 300 членки, но интересот се зголемува заради услугите и информациите што тоа ги нуди, како и заради потребата од здружување.

„Статистичките податоци за фирмите кои ги водат жени покажуваат дека во најголем процент, повеќе од 90 отсто дека се работи за микро и мали компании. Дури многу често говориме за нано компании, тоа се оние кои се со еден или двајца вработени. Најчесто тие фирми се од услужниот сектор за којшто знаеме дека е најмногу погоден од пандемијата и се среќаваме со една ситуација кога не можеме да одговориме на пазарот затоа што не можеме ни да одговориме на потребите за одржување на една компанија заради ковидот. Во оваа ситуација на пандемија кога не ни се решени многу други работи за да бидеме заштитени и да можеме да ја работиме својата работа како жени претприемачки тоа значи дека истовремено се грижиме за семејството, за децата, се грижиме за постарите, работа од дома… сето тоа претставува многу голем товар за да може да се одржи во живот тоа мало или микро претпријатие.

Од друга страна, услужните дејности се пресекоа и веќе нема никакви услови за таквите микро и мали компании што значи дека нема прилив, ако нема прилив во компаниите, дури и ако успеат да ги земат субвенциите од владата не е доволно за тие да преживеат. Тие компании кои беа на стаклени нозе пред да почне пандемијата, сега веќе дефинитивно им се кржат стаклените нозе и имаме голем број на затворени компании. Тоа се случува во сите сектори, не само кај жените претприемачки, но кај жените се работи за голем број“, вели за Утрински брифинг Валентина Дисоска, претседателката на Здружението на бизнис жени. Таа додава дека женското претприемништво не е ставено во ниеден од пакетите мерки на владата.

„Сметам дека треба владата да има проголем слух за жените во овааа сфера, не можат да ги ставаат заедно со другите поголеми или помали бизниси затоа што тие носат поголем товар во овие услови на пандемија“, додава Дисоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот