Столе Димитриевски/Valencia C.F

ВИДЕО: Димитриевски не прими гол, Валенсија победи

Валенсија забележа минимална, но исклучително значајна победа на гостувањето кај Гетафе од 1-0, освојувајќи три златни бода во жестоката битка за опстанок во Ла Лига, а еден од хероите повторно беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Нашиот голман одлично ја искористи повредата на Агирезабала и со низа сигурни интервенции уште еднаш потврди дека заслужува статус на прв избор меѓу стативите на „лилјаците“. Одлучувачкиот момент се случи во 84. минута, кога капитенот Гаја погоди за водство на Валенсија од 1-0, резултат кој до крајот остана непроменет.

Со оваа победа, Валенсија конечно успеа да излезе од зоната за испаѓање и да внесе нова доза оптимизам кај навивачите во продолжението од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот