ВИДЕО | Диди го прослави роденденот „зад решетки“ и доби емотивен повик од децата: „Се гледаме за неколку дена“
Американскиот рапер Шон Комбс, познат како Диди, денеска (4 ноември) го прослави својот 55. роденден во затворот во Бруклин. Тој е таму од средината на септември, а денеска доби посебен повик од неговите деца.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На снимката, која ја објави синот Џастин Диор Комбс, децата на Диди се собрани околу торта. Најмладата ќерка Лав ја отпеа традиционалната роденденска песна и во негово име ја дувна свеќата. Потоа можеше да се слушне раперот на телефон како им кажува на децата дека ги сака и се гордее со нив.
„Ви благодарам што сте силни. Ви благодарам што секогаш сте покрај мене и што ме поддржувате. Го имам најдоброто семејство на светот. Овој повик навистина ме направи среќен, се гледаме за неколку дена“, изјави Диди.
Снимката има илјадници допаѓања на Инстаграм, а корисниците на оваа социјална мрежа се со поделени размислувања.
„Тој е нивен татко. Лудо е што сите сте лути затоа што децата сè уште го сакаат“, „Што и да правел, тој не си ги изневери своите деца“, „Тој човек е одличен татко, тоа никој не може да му го одземе“, се дел од коментарите на следбениците.
View this post on Instagram


