ВИДЕО: Џенифер Лопез се расплака од среќа: Алекс ја изненади на Денот на вљубените

Латино дивата Џенифер Лопез навистина има среќа што покрај себе има човек како Алекс Родригез, кој на Денот на вљубените ја почести со подарок од бајките!

Огромен букет црвени рози ја чекал утрово на масата, над кои имало балони во форма на срце со пораки „Те сакам“.

„Боже, што е ова? Прекрасно е… Леле, душо…”, била воодушевена Џеј Ло, која за малку ќе заплачеше кога го видела ова романтично изненадување.

„Февруари е наш посебен месец… Секој пат повторно се сретнуваме на 1 февруари… Првиот пат излеговме два дена подоцна и оттогаш нема ден да не сме го поминале заедно или разговарале… Сè уште ме смееш… Ја сакам твојата чудна смисла за хумор… И тоа како секогаш се обидуваш да ја направиш просторијата во која влегуваш уште порадосна… Те сакам и сакам сè што правиш за мене и со мене…“, напишала таа на Инстаграм покрај видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот