ВИДЕО | Девојка сподели трик за чистење на лице кој стана вирален: Тоник со морска сол

девојка тикток
Фото: Принтскрин / ТикТок

Дали некогаш сте се вратиле од плажа и лицето ви било почисто? Не, не си замислувате. Солената морска вода може да има голем број лековити својства.

Една корисничка на „ТикТок“ по враќањето од одмор забележала дека нејзиното лице е значително исчистено и затоа решила да ја донесе плажата во нејзината бања, па направила тоник со морска сол. На видеото кое има над 4,5 милиони прегледи може да се забележи нејзиниот сјаен тен.

„И ова има многу смисла. Морската сол е лековита“, напишала девојката во описот на видеото.

@leacrylics

and this makes so much sense. sea salt is healing. #acne #clearskin #seasalt #fyp

♬ original sound – Leenis

Дали морската сол навистина функционира во борбата против акните?

Да, но мора да бидете внимателни како ја користите.

„Морската вода може да помогне да се исушат акните, но исто така ја извлекува целата влага и хидратација од вашето лице“, вели пластичниот хирург д-р Ентони Јун.

Ова е исто така причина зошто вашата коса откако ќе ја потопите во морето ви делува како „слама“.

Морската сол има и некои антимикробни својства, што може да ја прави корисен лек за борба против бактериските акни. И луѓето кои страдаат од егзема и псоријаза, нашле решение во солената морска вода. Националното здружение за егземи дури и препорачува да додадете чаша сол во водата за капење за да ги олесните нападите.

Како да направите спреј за морска сол и како да го користите

Истурете лажичка морска сол и половина чаша топла вода во шишето со спреј и протресете. Откако ќе го исчистите лицето, испрскајте солен раствор, а може да го испрскате и на крпа и да ја ставите на лицето неколку секунди. Потоа, задолжително ставете хидратантна крема на лицето за да не ја исушите премногу кожата. Избегнувајте го овој третман ако претходно сте правиле пилинг за лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот