Фото: Detroit Pistons

ВИДЕО | Детроит ноќеска стави крај на црната серија долга 18 години

Кошаркарите на Детроит Пистонс минатата вечер славеа против Орландо со 98-83 и на тој на чин го израмнија резултатот во серијата на 1-1.

Триумфот беше изграден пред сè врз цврстата одбрана, со која домаќините го ограничија противникот на само 83 поени, што воедно значеше и прва плејоф победа на домашен терен по пауза од дури 18 години. По изедначеното прво полувреме, Пистонс го скршија отпорот во третата четвртина, која ја добија со доминантни 38-16 и го решија прашањето околу победникот.

Најефикасен и највпечатлив на паркетот беше Кејд Канингам со 27 поени и 11 асистенции, предводејќи го својот тим до значаен триумф. Со ова, Детроит стави крај и на негативната низа од 11 последователни порази на домашен терен во плејоф натпревари.

Серијата сега се сели на Флорида, каде што ќе се одиграат следните два натпревари од првата рунда во НБА.

ВИДЕО | Oклахома уште еднаш подобра од Феникс, но победата ја засени повредата на еден од најдобрите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот