ВИДЕО | Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепско Галичани, пожарникарите се жалат дека немаат соодветна опрема

Дете падна во бунар во Прилеп/ Фото: Јутјуб

Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепското село Галичани. Неговите родители веднаш ја повикале на помош ТППЕ Прилеп и по брзата интервенција на пожарникарите тоа е извлечено од бунарот со помали повреди, објави Инфо Компас.

„Последниот период сме имале неколкку ваккви несреќи во рурурална средина. Еве би го споменал случајот од пред 2 недели кога ја обезбедувавме трката на down hill на Топташ. За 2 дена имавме 2 повреди, едната беше со скршена вилица, а другата со набиеници на пршлените. Дури моравме лицето да го транспортираме во положба во која и го стекнавме, а тоа беше во лежечкка положба на стомак. Така и го транспортиравме бидејќи се наоѓаше на високите ридови на Шаторов камен“, истакна Дарко Неданоски, пожарникар.

Пожарната во Прилеп има само 3 вакви комплети кои за жал не се атестирани и не се употребуваат. Пожарникарите бараат подобри услови за работа.

„Спремни како одделение и како ТППЕ Прилеп имаме капацитет, но немаме доволно опрема. Се служиме со опрема застарена, но се надеваме дека во иднина ова ќе биде корегирано. Пример за оваа дејност јажињата кои се употребуваат тие имаат можност за одреден број на употребувавња, а не постојано, не може вечно да се користи едно исто. И сега оваа опрема која ја гледате е приватна. Имаме и службена но не е атестирана. Еве и за тоа апел до надлежните таа опрема која што ја имаме да биде атестирана, некој да тврди дека таа е исправна за да не се случат немили настани“, вели Робе Митрески, командир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот