ВИДЕО: Дете го прекина мечот на Борусија, погледнете што направи Халанд

Халанд со својот избор на најдобри напаѓачи ги запали социјалните мрежи/ 20 септември 2021 година/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија е топ тема ова лето, но младиот норвешки напаѓач и понатаму е член на клубот од Дортмунд со кој денеска одигра подготвителен натпревар против Атлетик Билбао.

Мечот се одигра во швајцарскиот Ст. Гален, Гален и во еден момент го прекина едно мало момче кое не можеше да го дочека крајот на натпреварите, па влезе на теренот за да побара автограм од неговиот идол.

Момчето прво чекаше да излезе топката од игра и му пријде на Халанд пред да биде изведен корнерот, а Норвежанецот со задоволство го пречека и се потпиша на маицата пред да го насочи надвор од теренот.

Според снимката, се чини дека на момчето не му било гајле кога полицаец се движел во негова насока, бидејќи сепак сторил прекршок што може да му предизвика сериозни проблеми кога ќе стане возрасен, но тој само смирено го придружувал надвор од теренот.

Натпреварот по кратко време продолжи и Атлетик победи со 2:0 со головите на Раул Гарсија во 50 минута од пенал и Дани Вивиано во 57 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот