Фото: МВР

ВИДЕО: Детали за убиството – сопругата на убиецот кажала каде е закопана жената, бил снимен и на камери

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за убиството на жената, чие тело беше најдено закопано во дупка во гостиварското село Неготино. Каде е закопана жената и кој ја убил, во полицијата кажала сопругата на убиецот, иако тој претходно дал лажен исказ.

Исчезнувањето на жената го пријавил нејзиниот син, откако на безбедносните камери видел дека мајка му излегла од дома вечерта меѓу 6 и 7 овој месец, влегла во возило „фиат“, а убиецот пред да замине пребарувал во нејзината куќа и зел пари.

-На 09.12.2025, Ј.М.(34) од Гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, Гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него – соопшти МВР.

Грозоморно убиство во Гостиварско – жена била грабната, убиена и закопана во дупка

Полицијата од листингот на телефонот на жената видела дека грабнатата жена последно разговарала со својот убиец.

-Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција – се вели во соопштението.

Против убиецот е поднесена кривична пријава и е во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот