ВИДЕО | Дерала: Мобилност, посветеност и непристрасност – отворен повикот на ЦИВИЛ за набљудувачи

ЦИВИЛ го интензивира долгорочниот мониторинг на изборниот процес во пресрет на локалните избори, предвидени за октомври годинава. Мониторингот ги опфаќа партиските и пропагандните активности, Државната изборна комисија, политичкото финансирање и работата на институциите во контекст на дополнувањата и измените во изборното законодавство.

Постојаниот тим за мониторинг веќе е подготвен и за засилен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата во изборен контекст, кој ги опфаќа интернет медиумите и социјалните мрежи, каде што можат да се вклучат и сите граѓанки и граѓани што имаат информации за овие појави, со пополнување на Граѓанската пријава.

Покрај дезинформациите и говорот на омразата, ЦИВИЛ ќе прибира и пријави за насилство, дискриминација и кршење на човековите права. Повиците за насилство, како и сајбер нападите се дел од категориите во онлајн пријавата, како и на интересот на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

-Политичките партии излегоа од сенката и веќе многу сериозни и големи активности спроведуваат и на терен и во медиумите, па така и ние го засиливме мониторингот. Нашиот долгорочен мониторинг трае, но што се однесува до краткотрочното набљудување, набљудувачите кои што ќе го набљудуваат самото гласање ние ќе ги подготвиме уште од сега. Тоа подразбира 300 набљудувачи, во првата фаза 150. Секој граѓанин или граѓанка со наполнети 18 години и македонско државјанство има право да се пријави. Во селектирањето на кандидатите се обрзнува внимание на искуството, образовниот формат на луѓето, но забрането е да се вклучат лица кои се активно вклучени во изборната кампања и се членови на партиски функции, изјави во Утрински брифинг првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

-Ние имаме големо искуство во оваа работа. На самиот дел на гласањето имаме неколку контролни механизми на повеќе нивоа кои секој поеднично ќе можат да го проверат колку набљудувачот е на висина на својата задача, односно го исполнува кодексот на набљудувачите.

-Како организација сме прилично познати. Мислам дека бројот ќе го пополниме за неколку дена и веројатно место 150 да селектираме ќе мора да одиме на бројката на 300, додава Џерала.

Целиот разговор со првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот