Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО: Денвер подобар од Чикаго, Јокиќ за малку до „трипл-дабл“!

Денвер го совлада Чикаго доцна синоќа во НБА лигата со резултат 132:127 по едно одиграно продолжение во еден навистина интересен натпревар.

Никола Јокиќ имаше уште една одлична вечер, но Џамал Мари беше тој кој во два пресудни моменти донесе поени за тимот од Колорадо.

Џамал Мари постигна 34 поени, во кои се и две клучни тројки, една во последната секунда од регуларниот дел на мечот, а втората во последните секунди од продолжението.

Ист број коша реализираше и Јокиќ кој додаде 14 скока, и само уште една асистенција му недостасуваше на српскиот центар да дојде до нов „трипл-дабл“.

На спротивната страна Зек Левин доминираше со 32 поени, 10 помалку запипа Ото Портер Џуниор.

НБА лига, резултати –

Бостон – Сакраменто 96:107

Кливленд – Сан Антонио 110:116

Хјустон – Детроит 100:113

Мемфис – Голден Стејт 103:116

Мајами – Индијана 110:137

Орландо – Бруклин 121:113

Торонто – Јута 112:115

Денвер – Чикаго 131:127 (по 1 продолжение)

Феникс – Минесота 113:101

Портланд – Далас 125:119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот