Фото: Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер победи, Јокиќ повторно доминираше – шести трипл-дабл во деветтиот натпревар

Никола Јокиќ повторно блесна во дресот на Денвер Нагетс, запишувајќи 32 поени, 14 скока и 14 асистенции за својот шести трипл-дабл во само девет одиграни натпревари оваа сезона. Со неговата маестрална игра, Нагетси ја совладаа Индијана со 117-100 и ја продолжија победничката низа на домашен паркет.

Иако Денвер настапи без повредените Џамал Мареј и Арон Гордон, српскиот центар повторно ја презеде целата одговорност и го предводеше тимот до нов триумф. Единствената забелешка во неговата статистика беа осумте изгубени топки, најмногу досега во сезоната, но и покрај тоа, до трипл-дабл стигна уште во третата четвртина.

Индијана успеа накратко да се приближи на 61-64 во третиот период, во моментот кога Гордон доби техничка грешка иако не играше и беше на клупата. Сепак, ослабениот состав на Пејсерс не успеа да го издржи ритамот до крајот и запиша уште еден пораз, осми на првите девет средби од сезоната.

Најефикасен кај гостите беше Арон Нејсмит со 25 поени, додека Нембхард додаде 22. Новиот член на Индијана, Монте Морис, кој потпиша договор во петокот, заврши со еден поен за 15 минути игра.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Далас 105-111
Филаделфија – Торонто 130-120
Атланта – ЛА Лејкерс 122-102
Кливленд – Чикаго 128-122
Сан Антонио – Њу Орлеанс 126-119
Мајами – Портланд 136-131
Денвер – Индијана 117-100
ЛА Клиперс – Феникс 103-114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот