ВИДЕО: Дебитантите ја спасија Рома, Мурињо доби црвен картон

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо поради жестоки протести беше исклучен/Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Рома и Верона одигра 2:2 во рамките од 26 коло во најсилното италијанско првенство. Верона водеше на полувремето со 2:0 во Рим, но не успеа до крајот да ја задржи предноста.

На крајот од мечот тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо доби црвен картон поради жестоки протести.

Гостите водеа со головите на Барак во петтата и Тамезе во 20 минута од средбата на стадионот „Олимпико“.

Резервниот играч Волпато (втор настап за Рома) успеа да намали во 65 минута, а Бове го спаси домаќинот од пораз во 84 минута, негов дебитантски погодок за екипата.

Во оваа рунда денеска се играше уште еден меч, Сампдорија пред своите навивачи со 2:0 беше подобра од Емполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот