ВИДЕО | Дали би купиле белегзија-селотејп? „Баленсијага“ со нов бизарен моден додаток на Модната недела во Париз

Фото: Принтскрин / ТикТок

Луксузниот моден бренд „Баленсијага“ не престанува да изненадува. Најновата колекција на брендот, која беше претставена на Модната недела во Париз, вклучува бизарен моден додаток, односно белегзија-селотјеп, пишува „Индепендент“.

Во неодамнешното видео од Модната недела во Париз, популарна корисничка на ТикТок ги праша следбениците дали би ја купиле новата белегзија на „Баленсијага“, инспирирана од проѕирната трака (селотејп), која може да се најде во секоја локална продавница за канцелариски материјал.

Модната куќа со новата колекција ја истражува утилитарната естетика, преку облека направена од кеси за заштита од прашина и модни дизајни украсени со селотејп. Најголемо внимание од целата колекција привлече бизарната белегзија која изгледа исто како обичен селотејп, но сепак е означена со логото на „Баленсијага“.

Корисниците на ТикТок беа шокирани што една голема модна куќа едноставно го претвора обичниот предмет за домаќинство во нешто што треба да биде шик моден додаток. Многумина искоментираа дека брендот продолжува да ја прави сиромаштијата естетски привлечна, а едно лице напиша: „Богатите луѓе толку многу сакаат да се чувствуваат сиромашни“.

„Штотуку купив една… но таа е од мал бренд наречен ‘Скоч’“; „Мислев дека е шега“; „Се колнам дека целиот овој бренд е само една голема шега“, беа дел од коментарите.

Ова не е првпат брендот да ги претвори секојдневните предмети во богат моден дизајн. Во 2022 година, брендот ја направи „најскапата вреќа за отпадоци во светот“ за својата колекција есен/зима 2022 година. Торбата за отпадоци од кожа се продаваше за околу 1.790 долари. Исто така, беше претставена чантата чиј изглед е инспириран од ќесе со чипс на „Лејс“. А, неодамна во јавноста беше промовирано и здолништето-крпа од 925 долари.

@highsnobiety Would you wear this? 🤨 #balenciaga ♬ Imperfect Island – DJ BAI

ФОТО + ВИДЕО | „Баленсијага“ повторно си игра мајтап: Продава крпа како здолниште за 925 долари

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот