ВИДЕО | Дафи го промени името и подготвена e за нов почеток, иако сè уште закрепнува од преживеаните трауми
Пејачката Дафи наводно се подготвува за враќање со документарец на „Дизни плус“, во кој детално ја опишува ужасната траума од силувањето и киднапирањето што ги преживеала, а во меѓувреме го промени и своето име.
Добитничката на наградата БРИТ, пејачката Дафи, го промени своето име од Ејми Дафи во Дафи Џоунсбила. Таа се повлече од сцената по објавувањето на нејзиниот втор албум „Endlessly“ во 2010 година, пишува „Дејли стар“.
Препорачано
Велшката пејачка беше на врвот на славата откако се појави на сцената кон крајот на 2000-тите со дебитантскиот албум „Rockferry“. Но, по три години, таа исчезна од јавниот живот, наизглед без трага. Подоцна проговори за тоа како со недели била изложена на мачно киднапирање и го избегнуваше центарот на вниманието откако јавно ја сподели својата траума во 2020 година.

Документарец на „Дизни плус“ за „незамисливото искуство“
Минатиот месец се дозна дека ѕвездата на хитот „Warwick Avenue“ се подготвува за враќање. Пејачката потпиша договор со стриминг платформите на Дизни за да ја сподели својата страна на приказната по вртоглавиот подем до славата. Проектот на фановите ќе им овозможи „нов, досега невиден пристап“ до ѕвездата, како и интервјуа со нејзините пријатели, семејството и музичките колеги.
Duffy ‘changes name’ after kidnap and rape as rumours swirl she’s Tom Jones’ kidhttps://t.co/EJwV3HjZ8g pic.twitter.com/dS4B6iUMas
— Daily Star (@dailystar) April 8, 2026
Документарецот, исто така, детално ќе ја опише болката што ја претрпела низ годините, по повлекувањето од јавноста и нејзиното трауматично искуство. Приказната документира како пејачката била дрогирана и држена како заробеник во сопствениот дом цел месец, откако била мета на киднапирање во ресторан во 2010 година.
Пекол во хотел во странство
Дафи тогаш била ставена во авион и одведена во непозната земја, каде што била силувана во хотел. Во февруари 2020 година, Дафи се откажа од правото на анонимност и во соопштение им кажа на обожавателите дека се плашела оти ќе биде „убиена“ пред да успее да побегне.
Во времето на објавувањето на својата изјава од 3.649 зборови, таа им порача на фановите дека „сега е добро и на безбедно“, но дека долго време не сакала да ја покаже „тагата во своите очи“.


