Фото: FC Bayern Basketball

ВИДЕО | Дабл-дабл на Димитријевиќ во победата на Баерн над Виртус

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа со 85-80 против Виртус Болоња, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар и забележа дабл-дабл учинок.

Германскиот состав подобро го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 23-16, но гостите од Болоња успеаја да се вратат во игра и да ја надоместат разликата, па на паузата резултатот беше израмнет, 43-43.

Во продолжението Баерн повторно ја презеде контролата и влезе во завршницата со предност од осум поени, но Виртус не се предаде и накратко направи пресврт за водство од 75-73. Сепак, во клучните моменти домаќините предводени од Димитријевиќ одиграа сигурно и не дозволија изненадување, па на крајот стигнаа до триумф од 85-80.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 11 поени, 10 скокови и три асистенции, додека најпрецизен кај победникот беше Дејвид МекКормак со 24 поени и осум скокови. На спротивната страна се истакна Мет Морган со 28 поени, дополнети со по еден скок и асистенција.

Резултати:

Жалгирис – Дубаи 65-77
Црвена звезда – Париз 94-81
Олимпијакос – Реал Мадрид 102-88
Барселона – Панатинаикос 79-93
Валенсија – Милано 102-9

ВИДЕО | Звезда не се откажува од плеј-офот, Париз падна во Белград

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот