ВИДЕО | Д-р Солески: Сите показатели укажуваат дека ќе се соочиме со нов бран на ковид-19, но веројатно полесен

д-р Кирил Солески за Утрински брифинг
д-р Кирил Солески / Утрински брифинг

Темата која извесно време ја поттурнавме на страна, повторно се враќа на сцената со зголемените бројки на новозаразени од ковид-19.

-И во нашата земја и на европско ниво се регистрира зголемен број на пациенти со ковид-19 што се должи на новите омикрон соеви кои се позаразни и умеат да го заобиколат веќе стекнатиот имунитет. Тешко е да се предвиди како ќе се развива ова. Сепак, ова се пациенти со полесни состојби и немаме смртни случаи, вели д-р Кирил Солески за Утрински брифинг.

Сѐ уште важат истите правила то значи дека пациентот останува во изолација без оглед дали станува збор на полесна симптоматологија. Пацинтите треба да се јават кај матичен лекар, а ако состојбата не е сериозна не треба ништо да се прави, вели д-р Солески.

-Во најголем дел полесните случаи се третираат на примарно ниво и затоа Лекарското друштво и Министерството за здравство направија протокол и упатство за еднакво третирање на пациентите со ковид-19, вели докторот.

Д-р Солески вели дека сите показатели укажуваат дека ќе се соочиме со нов бран на ковид-19, но веројатно полесен, а ние ќе мораме да научиме да живееме со вирусот. Докторот препорачува лицата кои спаѓаат во ризични групи сепак да внимаваат и моеби Комисијата за заразни болести ќе одлучи да се воведе уште една засилувачка доза на вакцината.

-Во секој случај, ние ги следиме светските искуства и препораки, додава тој.

Ковид-19 ги стави на тест сите здравствени системи па и оние најразвиените, па некои и сериозно потфрлија. Одредени процеси во дигиталното здравство како што е телемедицината се покажа како многу корисна во времето на пандемијата. Со телемедицината во реално време пациентите комуницираат со лекарите оти оваа гранка може да замени некои контролни прегледи. Поентата е пациентите да не доаѓаат често во ординациите за да не се шири болеста. Освен тоа пациентите не губат време и средства, а штеди и здравствениот систем. Секако физичкото присуство не може да се замени, вели д-р Солески.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот