Д-р Злате Мехмедовиќ
Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Скриншот/ТВ Сител

ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ предупредува: Кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување

Д-р Злате Мехмедовиќ, во разговор за ТВ Сител, вели дека е неопходен унифициран пристап во медицинскиот третман на пациентите коишто се заразени со коронавирусот. Според него, тоа е една од причините за големиот број смртни случаи во нашата држава.

– Прво и основно, кога зборуваме за големата смртност и за тоа дека сѐ повеќе млади се инфицираат со вирусот, треба да се има предвид дека треба да има точно одредени протоколи за тоа како се лекуваат пациентите. Тој протокол треба да биде донесен согласно Законот за медицина базирана на докази, да биде објавен во службен весник и редовно да се надградува, вели д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехмедовиќ предупредува дека кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.

Според него, дополнителен проблем за црната ковид-статистика се и невакцинираните граѓани.

– И невакцинираните се сериозен проблем, сега со оглед на тоа како се одвива динамиката, меѓутоа со мало задоцнување. Во основа, ова требаше требаше да го направиме уште на почетокот на летото кога предупредувавме дека делта-варијантата ќе стане доминантна во нашата земја и дека ќе имаме ваков бран. Сега и оние што се вакцинираат денес, пред недела дена или пред 14 дена, иако драстично ја зголемуваат бројката на нововакцинирани, ќе им треба време да стекнат имунитет, објаснува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот