ВИДЕО: Црвена звезда убедлива против Борац, Кампацо веќе приредува шоу во Белград

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Црвена звезда победија во 12 коло против Борац во АБА лигата со резултат 86:57 (23:13, 22:24, 20:8, 21:12) во меч во кој најскапиот играч во историјата на српската кошарка за „црвено-белиот“ тим дебитираше Факундо Кампацо.

Иако не беа исполнети трибините во салата „Александар Николиќ“, оние кои присуствуваа на српскиот дуел имаа можност да се уверат дека Аргентинецот Кампацо ќе биде големо засилување за избраниците на Душко Ивановиќ во преостанатиот дел од сезоната.

Во дуелот со гостите од Чачак, Звезда го реши мечот во последните пет минути од втората четвртина, кога оствари предност од 20 коша разлика (65:45).

Најефикасен во домашниот тим беше Добриќ со 15 поени, Бентил и Петрушев постигнаа по 13, а Кампацо запиша 11. На спротивната страна Хејл постигна 17 поени (четири скокови, три асистенции), додека Томашевиќ додаде 10 поени.

На табелата води Црвена звезда со 21 бод, колку што има и второпласираниот ФМП Београд, потоа Борац е на 11 позиција со 15 бодови, колку и Морнар Бар на 12 позиција, а на последните две места со по 14 бодови се МЗТ Скопје Аеродром и Мега Баскет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот