Фото: Принтскрин/ВДНКх

ВИДЕО | Чувар на московски музеј се обидел да го изеде изложеното уметничко дело

На социјалните мрежи кружи бизарна снимка од московската галерија, каде чувар се обидел да изеде уметничко дело.

Oрганизаторите на изложбата за современа уметност во центарот ВДНКх минатата недела забележале дека на една од инсталациите му недостасува „главниот протагонист“ и веднаш ја прегледале снимката од безбедносните камери. Малку е да се ​​каже дека биле шокирани од глетката.

Уметничкото дело претставува сад со вода од коj ѕирка златна рипка, додека друга се обидува да избега и скока покрај сликата на отворено море.

Инсталацијата симболично го добила името „Бегството на златната рипка“, а очигледно му паднала в очи на еден чувар, пренесува „Одити сентрал“ (Oddity Central).

На видеото можете да видите како заинтригирано му приоѓа на садот, па ја вади златната рипка од држачот, ја мириса и се обидува да ја гризне.

 


Кога организаторите го забележале проблемот, ги провериле камерите, а потоа го соочиле чуварот со бизарното откритие.

Тој, наводно, ги кренал рамениците и објаснил дека имал тешка ноќ со мошне малку сон и дека не разбрал што прави. Веднаш бил суспендиран од работа, а инсталацијата по неколку дена била вратена во изложбениот простор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот