ВИДЕО | Чувар од Мекдоналдс истури вода врз бездомник во Лондон

Чувар од Мекдоналдс истури вода врз бездомник во Лоднон / Фото Твитер

Мекдоналдс се извини откако беше објавена снимка на која еден од нивните чувари истура вода од кофа врз вреќа за спиење на бездомник.

На социјалните мрежи во саботата вечерта беше објавено видео од инцидентот што се случи на улицата Викторија во Лондон. На него се гледа како чувар истура вода на подот каде што седел бездомник со вреќата за спиење пред Нејшонвајд Банк, веднаш до ресторанот на Мекдоналдс.

„Чуварите се трајно отстранети од нашите ресторани и тимот на ресторанот беше потсетен на важноста да се третираат сите луѓе со почит, вклучително и ранливите луѓе во ресторанот и во пошироката заедница“, објави Мекдоналдс на Икс.

„Би сакале сесрдно да му се извиниме на господинот на видеото и ќе работиме со градскиот совет за да го лоцираме и да му понудиме компензација како дел од нашата континуирана работа за поддршка на добротворни организации за бездомници“.

На видеото се гледа како човекот вели „остави ме на мира“ пред еден од обезбедувањето да истури уште вода врз него. Друг чувар се обидел да спречи случаен минувач да снима.

„Ова не е правилно. Му истураш вода врз вреќата за спиење. Што правиш? Му ја уништи вреќата за спиење со вода. Зима е. Тоа е нечуено“, се слуша на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот