ВИДЕО: Чурлинов му донесе триумф на Штутгарт во Купот на Германија

Прв гол во сезоната за Дарко Чурлинов („Штутгарт“)/Фото: instagram.com/vfb

Во својот прв натпревар од новата сезона во германскиот Куп составот на Штутгарт славеше минимално кај Динамо Дрезден со 0:1.

Стрелец на единствениот гол беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов после асистенцијата на Вагноман во 33 минута.

Нашиот играч настапу до 74 минута кога беше заменет од Стенцел.

Претходно од 67 минута гостите останаа со еден фудбалер помалку поради двата жолти картони на Антон.

Но, Штутгарт успеа до крајот на мечот да ја задржи предноста и обезбеди пласман во следната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот