ВИДЕО: Чурлинов е херојот на Јагелонија за прв триумф во Конференциската лига
Во првото коло од новата сезона во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија славеа со 2:1 на гостувањето кај ФК Копенхаген.
Препорачано
Данците водеа после првото полувреме со голот на Хацидијакос во 12 минута од средбата.
На стартот од вториот дел домаќините постигнаа уште еден гол, но истиот во 50 минута беше поништен поради офсајд после ВАР снимката. Само 60 секунди подоцна дојде израмнувањето преку Пулулу.
Во 55 минута во игра како замена за Хансен влезе македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Во самиот финиш од натпреварот во 97 минута за победа стрелаше нашиот играч за гол донесе голема радост за полската екипа.
— Live stream @FCStreamTV (@VeliaC54206) October 3, 2024
Следниот меч Јагелонија ќе го има дома на 24 октомври против Петрокуб од Молдавија.
Конференциска лига, четврток
Резултати: Серкл Бриж – Ст. Гален 6:2, Динамо Минск – Хартс 1:2, Астана – ТСЦ 1:0, Хајденхајм – Олимпија Љубљана 2:1, Легија – Бетис 1:0, Молде – Ларне 3:0, Ноа – Млада Болеслав 2:0, Омонија – Викингур Рејкјавик 4:0, Борац Бања Лука – Панатинаикос 1:1, Челси – Гент 4:2, ФК Копенхаген – Јагелонија 1:2, Фиорентина – ТНС 2:0, ЛАСК – Ѓургарден 2:2, Лугано – ХЈК 3:0, Петрокуб – Пафос 1:4, Шамрок роверс – АПОЕЛ 1:1.


