Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Чудна пена се појави на брегот кај Даблин – жителите се изненадени од глетката, ја опишуваат како „библиска“

Неверојатни сцени доаѓаат од Ирска, каде што силните ветрови, проследени со поројни дождови, исфрлија огромни наслаги морска пена на брегот во околината на Даблин.

Редок природен феномен е забележан кај местото Лаугшаини, а локалните жители биле изненадени од глетката, која дел од нив ја опишале како „библиска“, објави ирскиот портал „Екстра“.

Снимката, која стана вирална на социјалните мрежи, прикажува фарма покриена со пена.

– Морска пена во Лафшајн, северен Даблин, денес, сподели на следбеник кој живее таму 50 години и никогаш не видел толку многу – напишал мештанин како опис на видеото.

Но, морската пена претставува сосема природен појава. Таа настанува кога морската вода, богата со органски материи, силно се разбранува, а потоа ветрот ја исфрла кон брегот.

Еден корисник даде појасно објаснување: „дебелиот слој кремасто-беж пена долж брегот, по период на потопло време и силни ветрови, најверојатно е природна пена што произлегува од безопасно цветање алги“.

Токму невремето, проследено со портокалово предупредување за обилни дождови за Даблин и за уште два окрузи, придонесе да се создаде толку голема количина пена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот