Фото: EPA/MICHELE MARAVIGLIA

ВИДЕО | Чудесен пресврт во Бергамо: Аталанта со гол во 98 минута ја елиминираше Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Аталанта се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите откако ја победија Борусија Дортмунд со 4:1 во реваншот од плејофот на домашен терен во Бергамо вечерва.

Борусија Дортмунд имаше предност од 2:0 од првиот натпревар во Германија, но Италијанците ја анулираа негативата и со вкупни 4:3 излегоа како победници во двомечот.

Џанлука Скамака ѝ донесе водство на Аталанта во петтата минута, за зголемување на позитивата се погрижи Давиде Запакоста во 45 минута.

Третиот гол за италијанскиот тим го постигна Марио Пашалиќ во 57 минута Марио Пашалиќ, а Дортмунд успеа да го намали водството на Аталанта и да го израмни вкупниот резултат од двата натпревари во 75 минута со голот на Карим Адејеми.

Аталанта сепак успеа да се пласира во осминафиналето на ЛШ во самиот финиш од мечот, со голот од пенал на српскиот играч од средниот ред, Лазар Самарџиќ, во осмата минута од судиското дополнително време на второто полувреме.

Аталанта ќе игра против Арсенал или Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот