ВИДЕО | Развил необично нарушување: Јаде само макарони и сирење секој ден веќе 17 години

Фото: Скриншот/Јутјуб

Остин Дејвис е од Флорида и има 20 години, а од мал, поточно од негови три години, јаде само макарони и сирење.

Тој развил нарушување во исхраната поради навиката да го јаде само овој оброк, а како што истакнал за „Вајс“ му се смачило да го јаде само тоа, но не сака да внесува ниту една друга намирница во исхраната бидејќи, консумирајќи друга храна тој ризикува навистина да му се слоши:

Не сакам да кажам дека сум зависник од макарони и сирење бидејќи тоа звучи чудно, но телото не ми дозволува да јадам ништо друго. Штом некоја друга храна ќе влезе во мојата уста, чувствувам непријатност. Дури и повраќам на лице место – изјави Остин.

Дваесет годишникот тврди дека овој оброк  – макарони и сирење – му е омилен, бидејќи е „најконзистентен“ и „секогаш има речиси ист вкус“.

Остин, кога сфатил дека не може повеќе да се храни така, отишол на лекар и дознал дека има нарушување на селективна исхрана, кое се нарекува и нарушување на избегнување на внесувањето храна (АРФИД). Станува збор за нарушување кое се карактеризира со постојано одбивање да се јаде одредена храна или кој било вид на храна.

Децата, иако не се заинтересирани за храна, обично не се пребирливи, па ова нарушување релативно лесно се забележува уште на рана возраст, особено кај момчињата, бидејќи тие почесто страдаат од него, за разлика од анорексијата и булимијата, кои се почести кај девојчињата.

На Остин му олеснило кога ја добил дијагнозата, а својата приказна ја споделил во краткиот документарен филм за „Вајс“ во кој објаснил дека поради физички насилниот татко развил ПТСН (посттрауматско стресно нарушување) . Како тригодишно момче сите овие маки ги решавал со макарони и сирење. Сега почнал да посетува терапевт и се надева дека во иднина ќе може да јаде и други намирници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот