Пожар во лабораторија во близина на Лион/Фото: Икс

ВИДЕО | Четири лица повредени во експлозија во лабораторија во Франција

Четири лица се повредени, од кои две потешко во експлозија денеска во лабораторија на „Елкем Силиконес“ во Сен-Фон, во близина на Лион, објави БФМТВ.

На местото на настанот работат 35 пожарникари со 13 возила, додека властите создадоа безбедносна зона во радиус од два километри околу објектот.

Првата проценка досега е дека експлозијата е предизвикана од истекување на водород. Истрагите за точните причини за несреќата се во тек, додека властите апелираат до граѓаните да ја избегнуваат областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот