ВИДЕО: Чесите ги овенаа „лалињата“

epa09306026 Players of the Czech Republic celebrate after the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between the Netherlands and the Czech Republic in Budapest, Hungary, 27 June 2021. EPA-EFE/Tibor Illyes / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Репрезентацијата на Чешка го направи првото големо изненадување во нокаут фазата на Евро 2020 елиминирајќи ја фаворизираната Холандија и си закажа четвртфинална пресметка со Данска.
„Лалињата“ во осминафиналната пресметка влегоа како големи фаворити но на „Ференц Пушкаш“ арената се поразени со 2:0 од Чешка.

„Лалињата“ во желба да ги повторат игрите од групната фаза кога остварија три победи меѓу кои беше и таа над Македонија од 3:0, во дуелот со Чешка тргнаа со формација 3-5-2 со Мален и Депај како напаѓачи. Тие ја користитеа брзината во однос на чешките дефанзивци, но не успеаја да го совладаат чешкиот голман Томаш Вацлик и во второто полувреме тоа им се врати со камата. На стартот од второто полувреме, се тргна на лошо за Холанѓаните кога Матијс де Лихт заработи црвен картон поради играњето со рака во желбата да го спречи Патрик Шик да не излезе сам пред голманот Стекеленбург.

Судијата Карацев на консултација со ВАР собата сам ја прегледа спорната ситуација и му покажа директен црвен картон на Де Лихт.
Селекторот Де Бур немаше намера да се брани и во игра го уфрли напаѓачот Квинси Промес но и покрај тоа „лалињата“ не успеаја да го совладаа Вацлик.
Надежите на „лалињата“ ги урна Томаш Холеш во 68 минута по одличното додавање од Калас.
Вториот гол за Чешка го постигна Патрик Шик во 80 минута и ѝ закажа дуел на својата репрезентација со Данска во четвртфиналето.
Натпреварот помеѓу Чешка и Данска ќе се игра во Баку на 3 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот