ВИДЕО | Чешкиот сериски провокатор гол се качи на статуа во Фиренца

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Уште еден сензационален „протест“ на провокаторот Вацлав Писвејц го привлече вниманието на интернет публиката. Чешкиот државјанин Вацлав Писвејц, целосно гол, се искачил на познатата скулптура Херкулес и Какус од 16 век на централниот плоштад во Фиренца и сето тоа пред очите на случајните минувачи.

Писвејц, кој се претставува како уметник, на полицијата веќе ѝ е познат како сериски провокатор, бидејќи повеќепати правел слични акции во центарот на Фиренца, Италија.

Видеото од инцидентот, на кое се гледа гол маж со испишан зборот „цензуриран“ на телото, брзо се прошири на социјалните мрежи, објави италијанскиот „Итали24прес“(Italy24.press).

На лице место биле општинската полиција и пожарникарите, а човекот бил натеран да се симне, по што бил покриен и придружуван до штабот за проценка на случајот. Мажот е уапсен поради давање отпор на јавен службеник и за кривичните дела „омаловажување на културни добра“ и „непристојно однесување во јавност“.

Во јануари 2018 година, Писвајц со црна боја ја испрскал скулптурата „Голема глина бр. 4“ на швајцарскиот уметник Урс Фишер, која потоа беше изложена на централниот плоштад во Фиренца. Потоа, во септември истата година ја нападна уметницата Марина Абрамовиќ во дворот на Палацо Строчи.

Во јануари 2020 година, тој се искачи на железната елка, дело на уметникот Мимо Паладино, поставена на плоштадот Санта Марија Новела. Во септември 2021 година, тој ја вандализираше привремената инсталација „Рајско дрво“ од Џузепе Пеноне, исто така на Пјаца дела Сињори, оставајќи натпис на подлогата.

Минатиот март, Писвајц ја запали црната ткаенина што ја покрива копијата од светски познатата статуа на Давид на Микеланџело, која беше поставена пред градското собрание на Фиренца пред повеќе од еден век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот