ВИДЕО | Цела српска естрада во солзи: Лаќа погребан до својата мајка и братот Милош

Фото: Принтскрин ЈуТјуб - Инстаграм - Твитер

Веста за ненадејната смрт на текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ го потресен регионот. Голем број балкански ѕвезди се простија од наследникот на Туцаковиќ.
Лаќа, синот на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ – Фута, денес беше погребан во семејната гробница на Новите гробишта во Белград покрај мајка му и брат му Милош.


Неговиот татко Александар Фута Радуловиќ пристигна во капелата каде е изложено телото на Милан. Неутешниот Фута пред 14 години го погреба својот помлад син Милош, а пред една година се прости и од сопругата Марина.

Фута се појави во придружба на пријатели и се упати кон капелата. Како што претходно јавуваа српските медиуми, Фута тешко ја поднесе семејната трагедија наводно изјавувајќи дека повеќе за него нема живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam SHOWBIZ (@24sedam_showbiz)


Собрал сили да им каже само два збора на насобраните – „Добар ден“. Набргу влегол во капелата, го бакнал ковчегот на синот и излегол надвор, не можејќи да издржи.

Бројни познати личности од Србија се собраа за да се збогуваат со колегата, соработник и пријател Лаќа.

Една од попотресените (видливо) била колешката Дара Бубамара која плачела на цел глас. Ни Наташа Беквалац не можела да ги спречи солзите додека излегувала од капелата.

Синот наТуцаковиќ беше пронајден мртов на улица во Тел Авив, Израел, соопштија денеска српските медиуми. Лаќа во декември одлучил да отпатува за Израел, каде што поминувал време со своето друштво.


Милан Радуловиќ Лаќа беше професионална слика и прилика на своите познати мајка и татко. Освен како успешен текстописец, Лаќа, како и неговиот татко Александар Радуловиќ – Фута, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе ѝ помагаше на мајка си при големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ и „Сто пута“ на Здравко Чолиќ.

ФОТО | Твитал и уживал со пријателите: Последните часови од животот на синот на Марина Туцаковиќ

ФОТО | „Се извинувам што ве навредив како сопруга и мајка“: Лаќа пред смртта и испратил порака на Карлеуша

„Се допишувавме пред 15-20 дена“: Дарко Димитров шокиран по веста за смртта на Лаќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот