Убиената брачна двојка во нивниот дом во Калифорнија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Брутално злосторство во Калифорнија: 22-годишен крадец ги застрелал во глава директорката на „Американ идол“ и нејзиниот сопруг

22-годишен маж е уапсен во врска со убиството на извршната директорка на „Американски идол“, Робин Кеј, и нејзиниот сопруг, Тони ДеЛука, во нивната вила во Калифорнија, соопштија властите.

Двојката била пронајдена мртва во одделни делови од вилата со прострелни рани во главата.

Според полициски извори на кои се повикува ABC7, 22-годишниот Рејмонд Бордаријан е уапсен како сторител на убиството.

Полицијата проценува дека Бордаријан немал никаква врска со двете жртви и дека ги застрелал кога бил фатен како се обидува да провали во вилата во Лос Анџелес.

Според истите извори, 22-годишникот веќе бил во вилата половина час пред двојката да се врати.

Полицијата, исто така, имала впечаток дека провалата на 22-годишникот не е поврзана со никаков организиран криминал.

Полицијата ги пронашла телата на двојката за време на проверка четири дена по убиството. Како што објавува TMZ, телата биле пронајдени во одделни соби и имале прострелни рани во главата.

Полицијата пронашла крв на влезот и скршен прозорец, кој се испитува за да се утврди дали убиецот ја искористил за да влезе внатре.

Полицијата била повикана во домот минатиот четврток откако соседите забележале осомничен како скока преку ограда, но полицајците не пронашле докази за криминално дело.

Кеј работеше на „Американ идол“ 15 сезони, според нејзината страница на IMDB, и освои повеќе награди на „Здружението на музички супервизори“. Таа, меѓу другото, работеше и на шоу емисиите „Lip Sync Battle“, „Miss USA“ и „Miss Universe“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот