ВИДЕО | Брод полн со свингери пристигна во Дубровник, па во Котор: Жешки забави, голи гости, цена 6.000 евра по човек

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Дубровачки дневник

Крузерот „Азамара“, наменет исклучиво за свингери, кој изминативе денови беше закотвен во пристаништето на Шибеник, во саботата наутро пристигна во водите на Дубровник, закотвувајќи се пред Локрум. Тој во Дубровник бил само еден ден, а како што објави „Дубровачки дневник“, потоа испловил кон Котор, а потоа и кон италијанското крајбрежје.

Станува збор за патувања организирани од мексиканската агенција „Ориџинал груп“ (Original Group). Тие имаат и свои свингерски одморалишта, како и бродови на кои можат да се качат само парови кои во нивните сексуални односи вклучуваат и други луѓе.

Истиот брод за крстарење пловел во Јадранот и во 2015 година, кога во хрватските градови донел околу 700 патници. Цената на таквото крстарење е доста висока. Како што претходно објавиле, цената на еден ден на бродот за крстарење се движи меѓу 1.700 и 6.000 евра по лице, во зависност од опременоста на кабината, а станува збор за „all inclusive“ (се вклучено) аранжмани.

На свингерските портали се истакнува дека сексот на јавни места на бродот за крстарење не е дозволен, но затоа има специјализирани простории во кои секој пар може слободно да влезе и да си ги исполни сите свои фантазии со кого и да посака. Плаќањето за сексуални услуги е строго забрането, но во сите игри важи правилото „Не значи не“.

Бродот инаку, како и секој брод за крстарење, има бројни барови и ресторани, луксузни содржини како спа центар, базени и џакузи, а од стандардните бродови за крстарење се разликува, бидејќи има простори за сексуални забави.

На бродот се одржуваат тематски вечери, еротски работилници и разни сензуални забави, но мора да се почитуваат куќните правила. Тоа значи дека во патувањето можат да учествуваат само парови, а без облека можат да бидат само во одредени соби. Собите се наменети за послободна забава. Строго е забрането фотографирање и снимање видео во подрачја каде што е дозволено соблекување на патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот