Фото: Screenshot_

ВИДЕО | Британски боксер кој е веќе во пензија доби суспензија од две години

Поранешниот британски боксер Амир Кан е казнет со двегодишна суспензија иако тој веќе е пензиониран.

Причината за супензијата е потврдата дека неговиот примерок на допинг тестот од февруари 2022 година бил позитивен. Сепак, Кан оваа суспензија нема да го загрижи премногу затоа што 36-годишниот боксер минатиот мај објави дека се повлекува од професионалниот бокс.

Последниот меч во неговата кариера беше токму тој поради кој падна на допинг тестот, тоа  беше борба која Кан ја загуби од Кел Брук. Кан ја прифати казната, но сепак порача дека никогаш не мамел во борбите и недозволената супстанца ја внел ненамерно.

„Чудно е што сум суспендиран бидејќи сум веќе во пензија. Секако не планирав да се враќам. Сакам да кажам дека никогаш не сум мамел“, порача боксерот од Болтон.

Британската антидопинг агенција наведува дека супстанцата остарин синтетисан на кој бил позитивен постигнува сличен ефект како тестостеронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот